Тимот на Њукасл сериозно сметаше на помошта на своето наголемо засилување летово, Александер Исак во премиерлигашката битка сезонава, но истиот ќе мора да отсуствува уште сигурна два месеци. Оваа исклучително лоша вест ја пренесе Скај спортс, велејчи дека повредата која шведскиот напаѓач ја заработи за време на репрезентативната пауза во националниот табор, е исклучително тешка и комплицирана и дека ќе мора да мине огромен временски период за тој да закрепне.
Исак ќе може да биде достапен евентуално за новогодишните празници, односно во она новогодишно „лудило“ кое ја зафаќа Премиер лигата. Шведска инаку не е дел од Мундијалот во Катар.