Звучи чудно за некој нормален свет, но во Иран се чини дека ништо не е нормално. Па така на само месец дена пред стартот на СП во Катар, граѓани, познати “фаци“, некогашни спортисти и секако екс-репрезентативци на Иран испратија писмо до ФИФА во кое се бара нивната селекција да биде исфрлена од Мундијалот во Катар.
Причина е позната.
Имено познато е дека жените во таа земја речиси да немаат никакви права, а посебно протестите ескалираа откако извесна Маша Амини (22 години) беше убиена минатиот месец само поради фактот дека хиџабот не го носела правилно.
Како автори на писмото до ФИФА посебно се истакнуваат Мердад Полади и Бехшад Јаварзадех, некогашни репрезентативци на Иран. Тие се најгласни во барањето ФИФА да и забрани на нивната репрезентација настап на претстојното СП.