Вчера Барселона на крилјата на Роберт Левандовски успеа да го победи Вилјареал со 3:0. Два од тие три гола беа дело токму полскиот интернационалец, со кои стигна до бројката од 601 гол во својата кариера.
Со тоа тој е само третиот фудбалер во 21 век кој што ја преминал границата од 600 голови во својата кариера, покрај него тоа се само Ле Меси и Кристијано Роналдо.
Секако дека ова е голем успех за Левандовски кој откако дојде ова лето во Барса не престанува да ги „решета“ противнички мрежи.
Тој на 14 натпревари сезонава успеа да постигне 16 голови во сите натпреварувања оваа сезона.
Левандовски во Баерн постигна 344 голови, за Борусија Дортмунд 103, претходно за тимот на Знич 21 и 41 за Лех Познањ, и заедно со оние 76 за репрезентацијата на Полска се доаѓа до бројката од 601 гол во кариерата.