КК Работнички Видеолотарија Казинос Австрија официјално потпишаа соработка

368

Кошаркарскиот клуб Работнички и официјално има нов спонзор. Видеолотарија Казинос Австрија на официјална прес конференција денеска стана нов спонзор на нашиот трофеен клуб, и во иднина оваа соработка ќе го направи КК Работнички уште по стабилен клуб.

Во насока на новиот, реновиран КК Работнички овој нов спонзор само ќе ја засили финансиската моќ, и иако на прес конференцијата не беше објавена сумата која компанијата ќе ја вложи на годишно ниво сепак се работи за сериозен проект. Ако на ова се додаде и новиот генерален спонзор на клубот, Мтел од Србија тогаш дефинитивно КК Работнички влегува во една сосема нова фаза од постоењето.

ПретходноВардар против Струга оди на седум од седум!
СледноЈунајтед ќе купува од Ајакс и спортски директор!