12 поени на Симиќ во победата на Борац БЛ во АБА 2 лигата

122

Младиот кошаркарски репрезентативец Теодор Симиќ одигра одличен меч за екипата на Борац Бања Лука во рамките на 2. коло од турнирскиот дел на АБА 2 лигата. Симиќ постигна 12 поени за 17 минути поминати на паркетот на дуелот кој неговиот тим го доби со 80:71 против екипата на Осијек.

Симиќ постигна една тројка, шутираше 4/6 за два поени, а погоди еднаш и од линијата за слободни фрлања.

Ова беше втора победа за Борац кој се израмни на врвот со екипата на Пелистер.

фото: АБА 2

ПретходноГолемото хрватско дерби без победник: Адеми и Ристовски извадија реми кај Атанасов
СледноДобри вести за Клоп: Се враќаат Кеита, Конате и Окслејд-Чембрлен