Доцна попладнево од 18 часот во Санкт Петербург, се игра соседското дерби меѓу Полска и Словачка. Ова е прв меч од групата Е, во која се уште и Шпанија и Шведска, кои играа вечерва од 21 часот.
Секако дека фановите на Арената „Крестовски“ во еден од најубавите градови во Европа, ќе имат што да видат, да уживаат во овој дерби натпревар.
Можеби фаворит е селекцијата на Полска, и само поради Роберт Левандовски, еден од најдобрите фудбалери во светот. Екстра класа, кој ќе им задава големи проблеми на дефанзивците на Словачка, предводени од ѕвездата на Интер, Милан Шкрињар.
Во секој случај се очекува добар фудбал, меч кој можеби ќе биде решавачки за едната или другата селекција кој ќе оди во следната фаза. Посебно ако се знае дека и двете селекции допрва ги чека дуели со Шпанија и Шведска.