Во Париз можна „војна“: 800 полицајци ги чуваат навивачите на Макаби Хаифа (ВИДЕО)

390

Повеќе од 800 полицајци и стјуарди се ангажирани да го одржуваат редот на натпреварот од 5. коло од Лигата на шампионите во групата „Х“ вечерва меѓу Пари Сен Жермен и Макаби Хаифа на „Паркот на Принцовите“.

Полицијата овој натпревар го прогласи за „натпревар од висок ризик“, поради што беа распоредени дополнителни сили.

Според пишувањето на медиумите, „ултрасите на ПСЖ ќе го искористат натпреварот за да ја покажат својата поддршка за палестинската кауза“. Безбедносните служби ја истакнуваат и можноста локалните навивачи „да ги нападнат израелските навивачи во близина на стадионот.

Според израелската амбасада, околу 2.000 неизраелски навивачи на Макаби Хаифа „веројатно купиле места на трибините“. Сепак, нивната изолација меѓу навивачите на Париз може да создаде безбедносни ризици.

На еден час пред мечот, навивачите на Макаби Хаифа почнаа со дефиле низ улиците на Париз, што е уште една причина плус за стравување од големи навивачки нереди.

ПретходноДабл-дабл на Мустафица, Пелистер со цел плен од Скопје
СледноКрстев се врати на кормилото на Слога Виница