нСелекторот на Македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски денеска во Белград ќе го следи во живот дуелот од Лигата на Европа, помеѓу домаќинот Црвена Звезда и турскиот Трабзонспор за кого ќе настапи нашиот Енис Барди.
Селекторот очигледно сака во живо да се увери во моменталната форма на играчот за врска кој во континуитет е еден од најважните поединци на нашиот национален тим години наназад.
Неговата форма во моментов нас ни е многу важна, особено поради фактот што Аријан Адеми се помалку се појавува на репрезентативните собири пред се поради замор.