Тен Хаг за Рналдо: Не се откажа, стигна наградата!

428

Манчестер Јунајтед го совлада Шериф со 3-0, а тренерот Ерик тен Хаг на овој меч во тимот го врати Кристијано Роналдо, му даде шанса од првата минута.

За Португалецот оваа средба не тргна добро, имаше големо промашување на средината на првиот дел, но во 81. минута сепак успеа да се запише во листата на стрелци постигнувајќи го 701. гол во кариерата.

„Не се откажа, тоа го водеше низ целата кариера. На крајот стигна и наградата. Пресреќен сум за него, му беше потребно да постигне гол за да се врати во ритам. Не се сомневам дека Роналдо ќе даде уште многу голови за Манчестер Јунајтед, сите знаеме за каков голгетер станува збор“, изјави по мечот Тен Хаг.

ПретходноСловенецот имаше среќа: Навивач беше уапсен откако фрли чаша со мраз кон Лука Дончиќ (ВИДЕО)
СледноПред стартот на СП во Катар, се градат големи огради за да се сокријат сиромашните населби (ВИДЕО)