Украинскиот вицепрвак Шахтјор Доњецк се пофали со новиот десен крилен фудбалер Педрињо кој дојде од екипата на Бенфика. „Рударите“ за овој фудбалер платија 18 милиони евра што е втор највисок трансфер во историјата на клубот по оној на Бернард од 2013 година кој дојде од Атлетико Минеиро за 25 милиони евра.
Педрињо стави потпис на петгодишен договор и тој ќе биде 11-тиот Бразилец во екипата од Доњецк.
Педрињо одигра една сезона за Бенфика во која запиша само 19 настапи во португалската лига, а пред тоа три сезони ги бранеше боите на Коринтијанс. Играл за Бразил У23.