На само три недели до стартот на Мундијалот во Катар речиси секојдневно пристигнуваат имформации за повредени играчи кои нема да играат за своите репрезентации на СП.
Па така откако и дефинитивно се знае дека Франција остана без Пол Погба, од денеска и Белгија е во паника. Имено Ромелу Лукаку, еден од најдобрите фудбалери на Белгија, член на Интер, одново се повреди и неговиот настап, барем засега, е крајно неизвесен.