Милан објави дека тренерот Стефано Пиоли потпишал двегодишен договор со клубот и со тоа ќе остане на „Сан Сиро“ најмалку до јуни 2025 година. Претходниот договор му истекуваше на крајот на сезоната, но Пиоли и Милан најдоа заеднички јазик и ќе го продолжат проектот.
Пиоли успеа да го врати Милан на шампионските патеки. По подолго време клубот ја освои титулата во Серија А, па сега ќе се обиде да се крене на повисоко ниво.
Пиоли го водеше Милан на 153 натпревари откако дојде во октомври 2017 година.
Official Statement: Stefano Pioli ➡️ https://t.co/7u5AsIwvr5
Comunicato Ufficiale: Stefano Pioli ➡️ https://t.co/VpTITwuGZp#SempreMilan pic.twitter.com/dSPMJyAFle
— AC Milan (@acmilan) October 31, 2022