Пиоли: Ако Салцбург очекува да ја повториме играта од Торино, тогаш ќе се разочара

136

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли очекува добар одговор од неговите фудбалери на одлучувачкиот меч против Салцбург во ЛШ кој ќе се игра утре. По поразот од Торино, Пиоли очекува тимот да се крене и да ги освои бодовите кои ќе ги однесе во нокаут фазата.

Пиоли вчера го продолжи договорот со клубот, па сега може комонто да го планира следниот чекор.

Екипата знае како да се справи со оваа голема обврска. Одигравме важни и тешки натпревари, па сметам дека можеме и со Салцбург. Тие немаат пораз надвор од дома. Имаат брзи фудбалери и се опасни од контра напади.

Ние сме силен тим, вредиме многу и сме мотивирани. Имаме силни играчи и играме пред нашите навивачи и ги имаме сите потребни карти за да победиме. Ако Салцбург очекува да го повториме натпреварот од Торино, тогаш ќе бидат разочарани“, изјави Пиоли.

ПретходноНов Американец во редовите на Чаир 2030
СледноДвајца Французи ја засилуваат репрезентацијата на Алжир