Златан Ибрахимовиќ имаше што да каже во интервјуто за француски Канал+. Овој разговор на големо е пренесен во светот, бидејќи Швеѓанецот зборуваше отворено, а меѓу другото ја отвори и темата Карим Бензема, фудбалерот кој неодамна ја освои Златната топка.
По скандалот околу уцената на соиграчот Матје Валбуена, Бензема шест години беше надвор од националниот тим, во кој беше вратен минатата година.
“Во 2018 година реков дека Бензема заслужува место во репрезентацијата, а вие новинарите ме нападнавте. Што велите сега? Сега му го лижете задникот на Бензема. Не се плашам од овие зборови”, изјави легендарниот Швеѓанец.