Семејството Брајант заработи 400 милиони долари од големиот бизнис што го започнал Коби!

396

Поминаа речиси три години од смртта на легендарниот американски кошаркар Коби Брајант (41), но неговите наследници, сопругата Ванеса и трите ќерки заработуваат неверојатни бројки од неговото наследство на годишно ниво.

Коби зад себе остави бројни успешни бизниси. Во текот на животот паметно ги вложил парите и заработката од успешните инвестиции е навистина неверојатна.

Од 1 ноември минатата година до 30 октомври годинава на сметката на неговото семејство легнале 400 милиони долари, при што платени се сите обврски кон даночната управа, адвокатите, агентите и другите лица задолжени за одржување на неговите работи.

Главната причина поради која Коби Брајант заработи толку многу пари по неговата смрт е фактот што пред неколку години инвестираше шест милиони долари во енергетскиот пијалок Бодиармор.

Во ноември минатата година „Кока Кола“ купи 70 отсто од оваа компанија за 5,6 милијарди долари, а семејството на легендарниот кошаркар доби 400 милиони долари од акциите кои ги поседуваше.

Исто така, Коби вложил пари во продуцентската куќа „Granity Studio“, која потоа склучила големи спонзорски договори со познати компании и дополнително ја зголемила заработката на ова семејство.

Според магазинот Форбс, само познатиот писател Џ.Р.Р е пред Коби Брајант по заработка меѓу луѓето кои веќе не се живи. Наследниците на Толкин добија повеќе од 500 милиони долари.

ПретходноВрвни македонски спортисти и истакнати личности од јавниот живот со поддршка за ракометарките
Следно„Во 2018 година ме нападнавте, сега му го „лижете“ задникот на Бензема“