„Испливаа“ 19-те сигурни Бразилци за СП во Катар!

1340

Дали е ова точно или не, тоа го знае само селекторот Тите, селекторот на репрезентацијата на Бразил. Познато е дека “кариоките“ имаат супер тим и тешко е да се одредат 26 играчи кои ќе бидат патници на Мундијалот.

Медиумите во Бразил тврдат дека успеале да го пробијат списокот на Тите на 19-те играчи кои се сигурни за СП Во Катар, а тоа се:

ГОЛМАНИ

Алисон, Едерсон, Велвертон

ОДБРАНА

Тијаго Силва, Маркињос, Милитао, Алекс Сандро, Данило

СРЕДЕН РЕД

Лукас Пакета, Каземиро, Фред, Бруно Гимараеш, Фабињо

НАПАД

Нејмар, Винициус, Рафиња, Антони, Ришарлисон, Жезус.

Меѓу овие нема ни такви супер – ѕвезди како Родриго, Фирмињо, Габријел, Мартинели, Бремер, Кутињо, Куња, Даглас Луис и уште многу други.

Сепак остануваат уште седум празни места, а дел од нив ќе се најдат секако.

ПретходноПотврда и од Вардар: Ристовски на позајмица во Лемго!
СледноГостивар подготвен за утрешното враќање на својот стадион и за дуелот со Арсими! (ФОТОГАЛЕРИЈА)