Македонија само еднаш ја има победено Франција и тоа во Скопје!

141

Групата Ц, во која се најде македонската женска ракометна репрезентација на Европското првенство ни малку не е лесна. А за тоа говори првиот противник, Франција.

Против актуелниот олимписки првак, и актуелен севтски и европски вицепрвак, Љубомир Савевски и неговите избраничките денеска (18 часот) ќе ги одмерат силите.

Историјата е на страна на Франција. Досега имаат одиграно осум натпревари. Македонија само двапати останала непоразена. Во далечната 1995 во Куманово, дуелот заврши нерешено (25-25). Во 2012 во квалификациите за ЕП,  Франција во Скопје беше поразена со 30-27.

На реваншот тие наплатија со победа од 40-20, но нашата цел, пласманот на ЕП со претходната победа беше исполнета. Победата од 29-16 на ЕП 2012 што следеше по овие квалификации се води како рекордна на Франција на ЕП.

Натпреварот меѓу Македонија и Франција почнува во 18:00 часот. ТВ пренос ќе има на МТВ.

ПретходноАлкалоид и Куманово во „рана“ пресметка, Вардар 1961 по продолжување на доминацијата!
СледноОфицијално: Лопетеги е нов тренер на Вулверхемптон! (ВИДЕО)