Во натпревар од 9.коло во нашата ракометна машка Суперлига, попладнево Е. Пелистер со 18:31 успеа како гостин да слави кај тимот на Голден Арт. Во текот на целиот меч големиот фаворит беше тој што ги диктораше настаните на теренот. Уште од самиот почеток битолчани наметнаа свој ритам, успешно го бранеа својот гол а во нападот ја решетаа противничката мрежа.
На пауза се замина со резултат 7:12. Исто како и во првиот дел, така и во вториот. Е. Пелистер беше тој што само ја зголемуваше разликата во своја корист за нова победа и за нови бодови во тековниот шампионат.
Костески со седум голови беше најпрецизен кај победничкиот тим.