Добра ждрепка за Шкупи, Силекс и Струга ТЛ. Имено познати се противниците на нашите три претставници во новата Конференциска лига за 1.квалификациско коло. Шкупи го доби косовскиот Љапи, додека Силекс ќе ги одмери силите со молдавскиот претставник, тимот на Петрокуб.
Додека Струга Трим Лум, кој дебитира на евро – сцената за ривал го доби составот на Лиепаја од Летонија.
Првите мечеви се играат на 8 јуни, додека реваншите за седум дена.
Утре исто во Нион е ждрепката за 2.квалификациско коло за ЛШ и КЛ.