Бесарт Исаку: Струга ТЛ може да ја мине Лиепаја!

406

Денеска во Нион, нашиот дебитант во Европа, тимот на Струга Трим Лум во првото квалификациско коло во Конференциската лига, за ривал го доби тимот на Лиепаја од Летонија.

Првата реакција ја имаше Бесарт Исаку, спортскиот директор на стружани.

Па, искрено за нас тотално непознат противник. Сепак ова е наше деби во Европа и мора да бидеме внимателни. Од друга страна сметам дека можевме да добиеме и полоша, но и подобра ждрепка. Јас сум задоволен и верувам дека нашите момци ќе дадат се од себе да го минат ова прво коло, што за нас ќе биде фантастичен успех“ изјави за СПОРТМЕДИА, Бесарт Исаку.

ПретходноЕ. Пелистер се раздели со Дрогришки
СледноСо помалку емоции сигурно ќе беше 1:1…