Норвешката кошаркарска федерација денеска на својата официјална страница излезе со обвинување дека хотелот во кој се сместени во Гевгелија дека е ужасен, а истиот дека им бил даден од страна на кошаркарската федерација на Македонија.
Оваа информација е лажна, бидејќи раководството на КФСМ пред да дојдат им понудиле помош, но тие одбиле потенцирајќи дека самите ќе ги обезбедат сместување, поточно ќе си најдат хотел.
Па сите обвинувања од нивна страна се неточни, Норвежаните се чини имаат само една цел – да ги испровоцираат нашите кошаркари пред денешната средба во салата „26 април“ во Гевгелија која е во рамките на ноемвриските претквалификации за пласман на ЕУРО 2025 година.
Македонија и Норвешка играт со почеток во 19 часот, двете селекции на стартот запишаа две победи во исто толку одиграни натпревари.