Паника во Србија. Најдобриот стрелец во историјата ќе го прескокне дуелот со Бразил?

332

За девет дена почнува Светското првенство во Катар. Тоа ќе биде прво големо натпреварување за српската репрезентација по Светското првенство во Русија 2018, каде што испаднаа во групата. На овој Мундијал се најде речиси во идентична група, заедно со Бразил и Швајцарија, со кои играше пред четири години, противник ќе и биде Камерун.

Очекувањата во соседната земја се големи, но непосредно пред турнирот пристигнаа многу загрижувачки вести. Напаѓачот на Фулам, Александар Митровиќ, кој со победничкиот гол во Португалија ги одведе Србите во Катар, има две помали скршеници на стапалото и најверојатно нема да настапи на последниот меч на Фулам пред паузата.

Она што многу повеќе ги загрижува Србите е фактот што не знаат во каква состојба Митровиќ ќе замине во Катар. Засега не се знае дали ќе може да се опорави до првиот натпревар и до натпреварот против Бразил. Напаѓачот на Фулам се повреди на натпреварот помеѓу Србија и Шведска на кој постигна хет трик, но доживеа тежок удар, а неговата повреда значително се влоши во следните натпревари.

ПретходноНорвешка постигна 36 поени против Македонија, сеирџиите на потег: Тоа е таа ракометна нација!
СледноДончиќ и кога не е најдобар знае како да изнуди воздишки од публиката (ВИДЕО)