Ракометарките на Романија славеа над Шпанија со 28:27 во вториот натпревар од главната фаза на ЕП во Скопје. Во вистинска драма во финишот, Романија беше подобра од Шпанија со спектакуларен гол на Базалиу од голема далечина.
Во текот на целиот меч гледавме израмнета борба во која и двете селекции имаа свои шанси за добар резултат. На пауза Романките имаа предност од 12:11, па до самиот крај се обидуваа да одржат минимална разлика.
Пинтеа со 7 гола беше најефикасна кај победничките, додека кај Шпанките, Гутиерез и Гонзалес постигнаа по 4.
Со оваа победа, Романија се израмни со Германија и Холандија кои имаат по два бода во оваа група.
𝐔𝐍𝐁𝐄𝐋𝐈𝐄𝐕𝐀𝐁𝐋𝐄!! 😱 Bianca Bazaliu gives Romania the win on the buzzer!! 🇷🇴 What a moment! 😳#ehfeuro2022 | #playwithheart pic.twitter.com/xOlDjibeeg
— EHF EURO (@EHFEURO) November 11, 2022