Новиот тренер на Рома, Жозе Мурињо тргна во офанзива на градење на тимот за следната сезона. Токму од тука „специјалниот“ ќе почне со ангажман на нов голман.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, станува збор за неговиот сонародник Руи Патрицио, моментално голман на Вулверхемптон.
Согласно најавите, Мурињо не е задоволен од Пау Лопез и од Антонио Миранте, и затоа ќе ангажира чувар на мрежата.