ФОТО: Димитар Петковски
Македонскиот пијанист Симон Трпчески, инаку еден од најголемита навивачи на македонската фудбалска репрезентација во Букурешт за време на дебитантскиот настап на нашата фудбалска репрезентација, денеска на ден пред вториот меч на Македонија на Еуро 2020 ќе се престави и самиот пред романската публика. Нашиот маестро вечерва има концерт во „Сала Радио Букурешт“ од 19 часот, кој ќе биде своевидна подгововка за утрешниот дуел со Украина.
Трпчески беше на трибините на Националната Арена во Букурешт и на дуелот со Австрија, а таму ќе биде и на дуелот со Украина утре. Неговата поддршка е несебична и добредојдена, како и од секој вистински Македонец кој ужива во момемтите за фудбалски незаборав. А својата виртуозност на пијаното ќе ја потврди денеска пред романскиот аудиториум.
Прославување на првото учество на македонската фудбалска А репрезентација на Еврошампионатот и нашиот прв историски гол!
Celebrating the first participation of the Macedonian A National Football Team on the Euro Championship and our first historical goal!https://t.co/FAyYKriyml— Simon Trpčeski (@STrpceski) June 14, 2021