Џоел Ембид одигра фантастичен натпревар во победа на Филаделфија над Јута од 105-95. Мечот го заврши со 59 поени, 11 скока, осум асистенции и седум блокади. Тој постана првиот играч во НБА-лигата од сезоната 1973/74 кој еден натпревар завршил со 50 и повеќе поени, 10 или повеќе скока, со повеќе од пет асистенции и блокади.
Тој постана првиот играл по 2019 година кога Лилард постигна повеќе од половина поени за својот тим. Во својата магична вечер Ембид имаше 19/28 од игра и 20/24 од линијата за слободни фрлања, посебно фасцинира доминацијата во последната четвртина во која постигна 26 од вкупните 27 поени на својот тим, имаше и пет блокади.
За Филаделфија ова беше седма победа, со исто толку победи се наоѓа на седмото место во Источната конференција.
Резултати: Кливленд – Минесота 124-129, Вашингтон – Мемфис 102-92, Филаделфија – Јута 105-98, Чикаго – Денвер 103-126, Сакраменто – Голден стејт 122-115, ЛА Лејкерс – Бруклин 116-103.