Легендата на Баерн (М) седнува на клупата на Ривер Плата

1121

Некогашниот аргентински репрезентативец Мартин Демикелис, ќе ја напушти функцијата во германскиот шампион Баерн (М) и ќе седне на клупата на прославениот аргентински фудбалски клуб, Ривер Плата, објави официјалниот сајт на германскиот клуб.

„Дојдов во Европа како играч од Ривер Плата во Баерн, сега одам во спротивна насока како тренер. Неверојатна приказна! Горд сум што двапати бев дел од семејството на Баерн и сакам да им се заблагодарам на сите што го овозможија тоа и кои ме поддржаа. Го напуштам овој клуб со големо чувство на благодарност во срцето и и се радувам на оваа важна задача во мојот втор матичен клуб“, изјави 41-годишниот Демикелис.

Демикелис играше за Ривер Плата од 1998 до 2003 година, по што се пресели во Баерн и за германскиот тим играше до 2010 година. Демикелис досега еше тренер во вториот тим на Баерн (М).

ПретходноШведска ја доби Унгарија и се израмни со Словенија
СледноАнглиски седмолигаш го побара Халанд на позајмица: Подобро да игра за нас, отколку да игра голф!