Кристијано Роналдо го прозва својот тренер Тен Хаг и зборуваше за меѓусебно почитување.
„Воопшто не го почитувам затоа што не покажува почит кон мене. Ако не ме почитуваш, никогаш нема да те почитувам тебе“, рекол 37-годишниот.
Секако, на сето тоа не останаа имуни ниту клубот ниту тренерот. Како што пренесуваат странските медиуми, свикан е итен состанок, а Тен Хаг веќе донел одлука за Роналдо.
Одлуката на Тен Хаг е дека повеќе не сака да го гледа Роналдо во својот тим и Португалецот може слободно да бара нов клуб. Веројатно тоа беше целта на Роналдо.
Исто така, претходно самиот Манчестер Јунајтед одлучи парично да го казни Роналдо.
Станува збор за сума од еден милион фунти. Звучимногу, но тоа се само две недели од платата на Роналдо. Истата сума беше казнет неодамна кога предвреме го напушти натпреварот против Тотенхем.
Така, како и да е, вториот период на Роналдо во Манчестер Јунајтед е многу веројатно завршен и на многу грд начин.
Во моментов со него најмногу се поврзуваат ПСЖ, Баерн, како и Спортинг од Лисабон каде ја започна кариерата.