МЗТ Скопје со Струмица ќе се загрева за АБА-лига!

148

Нема одмор, особено за кошаркарите кои беа дел од репрезентативниот дрес, а голем дел од нив ги има во таборот на МЗТ Скопје. Актуелниот македонски првак денеска (18 часот) ќе ги одмери силите со Струмица во рамките на Првата лига.

Планот на Александар Петровиќ е да ги одмори токму репрезентативците, како и дел од странските засилувања за да ги сочуваат силите за мечот против ФМП, кој е закажан во петок на гостински терен.

По четири одиграни кола МЗТ Скопје има три победи и еден пораз, се наоѓа на петото место на табелата, дуелот со Струмица е последен од петото коло во прволигашкото друштво.
ПретходноЗа прв пат во историјата, еден клуб ќе има 17 играчи на Светските првенства!
СледноФК Работнички: Градот Скопје треба подеднакво да се грижи за сите клубови