Репрезентацијата на Македонија се подготвува за нејзиниот втор настап на тековното ЕУРО. Оној против Украина кој го играме утре со почеток од 15:00.
Негова претходница беше оној против Австрија во првото коло кој го загубивме со 3:1. Тој меч сакаме да го заборавиме односно да го запомнме единствено она што беше позитивно.
Педантните аналитичари забележале дека токму овој меч меѓу Македонија и Австрија, е најгрубиот одигран во првото коло. Направени се вкупно 29 прекршоци, Македонија нанижа 16. противникот пак додаде свои 13,
За споредба, репрезентацијата на Полска направи 15 прекршоци во својот прв настап исто колку и Португалија.
За овие 16 прекршоци Македонија доби две опомени. „Пожолтеа“ Трајковски односно Алиоски