Баерн падна! Барселона е со најмногу играчи на СП во Катар

320

Барселона е фудбалскиот клуб кој има најмногу играчи на Светското првенство во Катар кое почнува во недела. Тоа стана јасно во моментот кога повик доби Алехандро Балде кој го замени повредениот Хосе Гаја. Така каталонскиот клуб веќе има 17 фудбалери на Мундијалот во Катар.

Интересно, до четвртокот лидер беше Баерн Минхен, кој имаше точно 17 фудбалери, но голгетерот на Сенегал Садио Мане мораше да се откаже поради повреда. Во моментов „Баварците“ го делат второто место со Манчестер Сити со по 16 играчи во различни репрезентации на СП 2022.

Барса има осум шпански репрезентативци: Гарсија, Алба, Балде, Бускетс, Педри, Гави, Феран Торес и Ансу Фати. Потоа Жил Кунде и Осман Дембеле (Франција), Френки де Јонг и Мемфис Депај (Холандија), Марк Андре Тер Штеген (Германија), Андреас Кристенсен (Данска), Роналд Араухо (Уругвај), Рафиња (Бразил) и Роберт Левандовски (Полска).

Од тимовите кои се надвор од Европа, со најмногу фудбалери е катарскиот Ал Сад кој има 15.

 

ПретходноПартизан во возбудлив дуел го совлада Макаби за четврта победа во Евролигата
СледноДончиќ побрз од Меџик Џонсон, Далас повторно слави, трилер меч меѓу Мајами и Вашингтон