Кејлор Навас: Ех, колку сакам Серхио Рамос да беше Костариканец па да играше за нас на СП

246

Голманот на Костарика, Кејлор Навас е изненаден од одлуката на Луис Енрике да не го земе искусниот Серхио Рамос во репрезентацијата на Шпанија за Светското првенство во Катар. Навас играше заедно со Рамос во Реал Мадрид и добро ги знае квалитетите на искусниот централен бек и големата помош пред голот.
Изненаден сум од тоа дека Рамос не е со Шпанија на СП во Катар. Тој е во одлична форма и игра на високо ниво. Ех колку би сакал тој да е Костариканец и да биде со нас на Мундијалот. Точно дека имаше лош период, но тоа сега е зад него и се врати во форма. Пак е најдобар. Штета што нема да игра на Светското првенство“, рече Навас.

Шпанија и Костарика ќе се соочат еден против друг на СП во групата Е. Нивни ривали во групата се уште Германија и Јапонија.

ПретходноБраво деца, така се игра за Македонија
СледноЕпска реклама на „Адидас“: Пет во едно – Лео Меси! (ВИДЕО)