Ѓоковиќ преку Фриц до финале

1328

Новак Ѓоковиќ ќе биде дел од финалето на АТП турнирот во Торино откако предмалку во полуфиналето го совлада Американецот Фриц со 2:0 по сетови 7:6, 7:6.

Во исклучително израмнет меч во кој двата сета завршија во тај брејк, пресуди на моменти далеку поголемото искуство на Ѓоковиќ во вакви моменти.

Србинот сега го чека својот противник во второто полуфинале кое се игра од 21:00 часот, а се среќаваат Руд и Рубљев.

 

ПретходноФерстапен до пол-позицијата во Абу Даби!
СледноБраво деца, така се игра за Македонија