Бразилецот Ендрик, 16. годишното чудо од дете, и член на Палмеирас и официјално ја доби првата понуда од еден великан од Европа. Неговиот татко, Даглас, потврди дека ПСЖ и официјално доставил понуда со која сака да го привлече во своите редови веројатно најголемиот светски фудбалски талент во моментов.
Момчето кое е споредувано со најголемите од типот на Роналдо и Нејмар има само 16. години, а е веќе првотимец на овој легендарен клуб од Бразил.
Единствено што е чудно во моментов во целата ситуација, е што Реал Мадрид сеуште не доставил официјална понуда, иако многумина сметаа дека токму „Кралевите“ ќе бидат тие што први ќе посегнат по новото „чудо од дете“.