Она што требаше да биде дерби на домашниот ракометен шампионат помеѓу Алкалоид и Вардар се претвори во дуел во кој младоста едноставно не можеше да му парира на искуството, а реално и квалитетот.
Алкалоид и неговите млади ракометари едноставно немаа вечерва решение во салата во Автокоманда за Вардар и за неговиот силен напад односно дефанзива во клучните моменти, па конечниот резултат од 22:30 е сосема реален показател на нештата.
Лидерот на табелата Вардар на најдобар можен начин го стартуваше овој дуел со 5:1. До крајот на првиот дел, таа разлика одржана и надоградена, па на полувреме се замина со 15:7.
Вториот дел, едноставно рутина за Вардар. Одржување на предноста која веќе беше изградена, и освојување на веќе впишаните бодови од првиот дел.
Талески и Моралес најдобри кај победничкиот табор со по шест гола, додека Стоилов постигна еден помалку. Митев и Серафимов кај Алкалоид додадоа свои шест односно пет гола.