Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 ја прекинаа „црната серија“ во Суперлигата откако денеска на домашен терен со 25:21 славеа над екипата на Голден Арт.
Талевски имаше одлична партија за вториот тим на битолчани постигнувајќи 6 гола, додека Кукуловски, Буторац и Атанасијевиќ постигнаа по 5 гола во победата на домашните. Кај екипата на Голден Арт, Шилегов заврши со 6 погодоци.
Во последниот меч вечерва, Охрид со убедливи 32:17 го совлада тимот на Куманово и ја прокнижи седмата победа во групата „А“ со која повторно се израмни на 3. место на табелата со екипата на Бутел.