Актуелниот светски првак Франција во вторник ќе го започне Светското првенство во Катар против Австралија, а на тој меч, како и на целиот турнир, нема да настапи освојувачот на Златната топка Карим Бензема.
Француските медиуми најпрвин пишуваа дека Бензема сигурно нема да игра на првиот натпревар, но најдобриот напаѓач на светот ќе биде надвор од теренот до крајот на турнирот поради повреда на квадрицепсот. Оваа вест ја потврди француската репрезентација на официјалниот Твитер.
Со ова продолжија лошите вести во редовите на бранителот на титулата.
Францускиот тренер сега има право да повика замена за Бензема, кој преку својот Инстаграм објави:
„Никогаш во животот не сум се откажал, но сега, како и секогаш, морам да размислувам за доброто на тимот. Разумот ми вели да го отстапам моето место на некој кој може да ни помогне да имаме одлично Светско првенство. Ви благодариме за пораките за поддршка. #AllezLesBleus“, пиша Бензема.
View this post on Instagram