Санџај Шарма, кардиолот на Кристијан Ериксен за време на неговиот престој во Тотенхем, за медиуми кажа дека Данецот немал никакви проблеми со срцето.
„Како кардиолог, можам да потврдам дека Ериксен немаше никакви проблеми со срцето во минатото. Секоја година беше под мониторинг и тој и сите играчи, и навистина немаше никакви проблеми. Што се случи во саботата, навистина не знам“, рече Шарма.
Тој додаде дека се плаши дека кариерата на Ериксен е завршена, и му порача да го остави фудбалот, и да работи нешто друго.
„Може да биде коментатор, тренер, аналитичар… Не верувам дека повторно ќе заигра фудбал“, изјави тој.