На околу еден час до стартот на контролата со Азербејџан, селекторот Благоја Милевски ги откри оние единаесет кои ќе бидат стартери за овој последен натпревар во 2022 година.
Тоа се: Шишковски, Ристовски, Серафимов, Муслиу, Ашковски, Дав. Бабунски, Барди, Николов, Елмас, Несторовски и Дориев.
Формацијата е 4-3-3.
Значи Шишковски ќе биде на голот место Димитриевски, Ашковски место Алиоски во однос на дуелот со Финска, а шанса да настапат од првата минута добија и Давид Бабунски и Љупче Дориев.