Енер Валенсија, капитенот на Еквадор влезе во историјата. Имено тој е стрелецот на првиот гол на Мундијалот. Се играше 16.минута од првиот меч со Катар, кога Еквадорецот беше прецизен од белата точка, претходно тој беше фаулиран од домашниот голман. Да кажеме дека Валенсија даде гол уште во 3.минута, но беше поништен порафи офсајд.
Ecuador's first goal by Valencia 1-0 ⚽#Qatar2022 #FIFAWorldCup #QatarWorldCup2022 #QATECU
pic.twitter.com/pyJbBt1TvM— SHA3WAZA (@SHA3WAZA_3) November 20, 2022