Без промени на врвот: Норвешка по пресврт преку Данска до деветтата европска круна!

113

СПОРТМЕДИА во Љубљана, Марија Ковачева

После 17 возбудливи денови, Европското првенство и официјално заврши. Пехарот им припадна на ракометарките на Норвешка кои во финалето славеа против Данска со  27-25 (15-12) и ја одбранија круната.

Нора Морк со осум гола од девет обиди го предводеше својот тим, Бреистол имаше четири погодоци, кај Данска прв стрелец беше Бургард со шест погодоци.

До победата старо-новиот освојувач дојде благодарение на одличната игра во последните 15. минути, пред кои имаше негатива од четири гола, израмни, а потоа на дело покажа зошто се уште е на врвот.

Норвешка не влезе во полн сјај. Во првото полувреме неизвесност имаше само во првите неколку минути, по 2-2, данските ракометарки со серија од 5-1 поведе со 7-3 во 13 минута. Винтер Бургард со пет гола од шест обиди го водеше тим. Бранителот на титулата никако не наоѓаше начин да се врати целосно во мечот, имаше и негатива од пет гола (10-5). На одморот беше 15-12.

Данска беше добра до 15. минута по која целосно падна. На другата страна Норвешка заигра во претпознатливото светло, со серија од 4-0 израмни на 22-22, а потоа ја казнуваше секоја грешка на противникот за голема радост.

За Норвешка ова беше деветта титула на Европските првенства, со овој триумф воедно им се одмазди на данските ракометарки за поразот во главната фаза.

ПретходноЛиберо ја запре Весна Пробиштип, Петровец слави вторпат
СледноРадичевиќ: Од сабајле плачам, ми беше многу тешко да играм