Пјерлуиџи Колина, првиот човек на судискиот комитет на ФИФА , објасни зошто за време на натпреварите на Светското првенство во Катар ќе се додаваат многу дополнителни минути на крајот од полувремињата.
„Ги замоливме сите да не се изненадат ако видат како четвртиот судија го подигнува семафорот со висока бројка, било да е тоа шест, седум или осум минути. Ако сакате повеќе време за играње, тогаш треба да бидете подготвени за овие дополнителни минути. Замислете натпревар со три постигнати гола. Прославата обично трае една до една и пол минута, па со три постигнати гола губите пет до шест минути. Она што сакаме да го направиме е прецизно да го пресметаме времето на прекин на крајот на секое полувреме“, изјави Колина.