Холандскиот тренер Ерик тен Хаг на почетокот на оваа сезона го презеде Манчестер Јунајтед, но и под негово водство гигантот од „Олд Трафорд“ не блеска.
Тен Хег и неговиот тим имаат блесоци, но не е доволно „црвените ѓаволи“ да бидат на врвот на англискиот фудбал во моментов и очигледно е дека раководството не е задоволно од неговата работа.
Неофицијално се подготвени да го заменат со друг менаџер, а шпанскиот весник АС тврди дека тоа би можел да биде актуелниот селектор на Шпанија, Луис Енрике.
Очигледно 52-годишниот шпански тренер има понуда од Манчестер Јунајтед на маса да стане нов менаџер на клубот, а наскоро ќе се знае дали ќе ја прифати.
Покрај Јунајтед, овој стручњак го посакуваат и на клупата на Атлетико Мадрид, тим кој по повеќе од една деценија се подготвува за заминување на Аргентинецот Диего Симеоне.
Исто така, шпанската фудбалска федерација изрази желба да ја продолжи соработката со Луис Енрике, но тој веќе отфрли нов договор вреден три и пол милиони евра годишно.
Луис Енрике е на клупата на „црвената фурија“ од 2018 година. Тој го предводеше овој тим на 43 натпревари и има скор од 25 победи, 12 нерешени и само шест порази.
52-годишниот тренер тренерската кариера ја започна во Б тимот на Барселона, потоа раководеше со Рома и Селта, а од 2014 до 2017 година од клупата го водеше првиот тим на Барселона.
Очигледно Луис Енрике сакал да работи во клупскиот фудбал и ќе видиме дали навистина ќе седне на клупата на Манчестер Јунајтед.
Заминувањето на Ерик тен Хаг секако би било изненадување бидејќи тој е само неколку месеци во Манчестер и има солиден настап, иако тимот не блеска на теренот.
Холанѓанецот ги предводеше „црвените ѓаволи“ на вкупно 21 натпревар. Има скор од 14 победи, две нерешени и пет порази.