Македонскиот репрезентативец Давид Бабунски и официјално е оценет како најдобар играч за врска во шампионатот на Унгарија на полусезоната.
Играчот на Мезоковешт одигра одлична полусезона, стана еден од главните играчи на клубот со што се гледа и по оцените на „WyScout“ популарната програма која е полна со статистички податоци и информации за секој поединец посебно.
Бабунски направи трансфер летово, откако си замина од тимот на Дебрецен, и очигледно дека конечно ја пронајде вистинската средина за себе.
Добива шанса и во репрезентацијата го стартуваше дуелот против Азербејџан и нормално ќе биде голем плус за претстојните квалификациски дуели напролет.