„Земјотрес“ на Мундијалот во Катар, Саудиска Арабија ја совлада Аргентина (ВИДЕО)

246

Првото големо, огромно изненадување на тековниот Мундијал во Катар, се случи предмалку, откако во рамките на групата Ц, репрезентацијата на Саудиска Арабија успеа да го совлада огромниот фаворит Аргентина со конечни 2:1.

Прекрасната изведба на Саудијците е крунисана со голема, огромна победа, секако најголема во историјата на оваа фудбалска репрезентација.

Мечот започна нормално за Аргентина, откако Меси го реализираше досудениот пенал за фаворитот во десеттата минута. На полувреме се замина со тој резултат, и никој не можеше да претпостави што следува.

Во само пет минути комплетен пресврт на Саудиска Арабија во изведба на Ал Шехри и Ал Дасрави. Аргентинците во шок, не очекуваа вакво нешто, па и нормално е што не реагираа како што треба. Имаа неколку ситуации до крајот, не им помогна ниту дванаесетминутното продолжение, и загубија, односно прописно се обрукаа на стартот на Мундијалот, а Саудиска Арабија е во моментов во екстаза.

 

ПретходноДавид Бабунски е најдобро оценет играч за врска во Унгарија (ФОТО)
СледноКуп на Македонија во ракомет: Вардар оди на Мулти Есенс, Алкалоид со Астраион, Е.Пелистер на мегдан со Текстилец