Светската кошаркарска федерација ФИБА ги одреди официјалните лица за претстојниот претквалификациски турнир во машка сениорска конкуренција кој ќе се одржи во периодот од 12. до 18. август во Скопје.
Натпреварите на нашата, како и селекциите на Словачка и на Швајцарија од групата„ Ф“ ќе ги судат следните арбитри:
Фернандо Калатрава (Шпанија), Мехмет Карабилечен (Турција), Илиас Кунелес (Кипар), Оскарс Лучис (Летонија), Михал Прок (Полска), Толга Сахин (Италија).
Комесар на претквалификацискиот турнир во Скопје ќе биде Антони Колган од Австрија.