Она што Спортмедиа го најави уште пред десет дена, деновиве се чини е во звршна фаза да се оствари. Вардар ќе има нов газда, и тоа во името на Слободан Крстевски и неговата фирма „Blue sky investments“. Преговорите за купување на Вардар со град Скопје и со актулниот сопственик на клубот, Сергеј Самсоненко се во завршна фаза. Се разговара и за превземање на долгот.
Оваа компанија е “виновна“ за трансферот на Бесар Гуџуфи во Бешикташ и како што дознаваме има големи планови за вардаровата школа да прерасне во водечка на Балканот.
Инаку нов шеф на стручниот штаб ќе биде Горан Симов, некогашниот голман на Вардар и довчерашен стратег на Силекс.
Освен првичната цел, која е враќање во ПМФЛ, новото раководство на клубот има намера да се засили со повеќе квалитетни имиња.
Инаку очекуваме во текот на наредните 5-6 дена да се заврши продажбата и официјално да се објави новиот сопственик на клубот.