Одлично прво полувреме за Струга Трим Лум во Кратово, во дербито на колото на гости кај Силекс. Лидерот води со 0:2 и тоа со головите на Ибраими и Малески.
Прво во 10.минута Ибраими беше фаулиран во домашниот казнет простор, за судијата Грујоски немаше дилеми дека тоа е пенал. Сигурен изведувач беше токму првиот стрелец во ПМФЛ, Бесарт Ибраими, кому ова му беше деветиот гол сезонава.
Веќе во 25.минута Струга Трим Лум го удвои водството на 0:2 и тоа со голот на Малески, кој убаво се снајде пред домашниот голман и ја тресеше мрежата на кратовци.
Силекс од 22.минута е со играч помалку, Љамалари поради остар старт заработи втор жолт картон и мораше предвреме да го напушти теренот.