Азар: Пред четири години имавме поголеми шанси да ја освоиме титулата

82

Капитенот на Белгија Еден Азар призна дека неговата репрезентација пропуштила златна шанса да стане светски првак пред четири години на Мундијалот во Русија. Тој ја опиша таа генерација како „златна генерација“ која тогаш стигна само до третото место во Русија, а тие играчи веќе имаат по 30 и повеќе години.
Да бидам реален пред четири години имавме подобри шанси за светска титула. Имавме многу добар тим кои играше атрактивно и напаѓачки. Сепак, и оваа екипа на Белгија има квалитет да победува и да го освои турнирот. Имаме некои играчи кои се малку повозрасни, но сега имаме искуство како и најдобриот голман на светот (Тибо Куртоа)“, вели Азар.

Исто така го имаме еден од најдобрите халфови на светот, а имаме и добри напаѓачи. Желбата за победа и менталитетот се присутни. Ако бргу ја достигнеме формата имаме шанси за титула, ако не сме, ќе биде многу тешко“, изјави играчот на Реал Мадрид.

Белгија со 1:0 ја победи Канада на првиот меч, а имаше многу проблеми со противникот кој играше силен пресинг и имаше многу поубави шанси.
На првиот меч бевме малку уплашени. Сега не смееме така. Не треба да се плашиме да дрибламе и да пробаме повеќе да подаваме. Тоа ни недостасуваше на првиот меч“, заврши Белгиецот кој сезонава не е во добра форма поради тоа што не игра често.

ПретходноСупер Лина оди по нов трофеј во Ираклион, ќе игра финале на турнирот
СледноПМФЛ: Моќна е оваа Струга ТЛ, лидерот го “ОСВОИ“ и Кратово!