Полска ја победи С. Арабија, конечно и Левандовски со гол на мундијалите! (ВИДЕО)

139

Полска со 2:0 ја победи С. Арабија во меч од 2.коло во групата-Ц. И со тоа си ги зголеми шансите за пласман во осминафиналето на Мундијалот во Катар.

Сепак реално резултатот можеби и не е реален. С. Арабија, како и со Аргентина, така и денеска одигра екстра квалитетно. Имаше безброј шанси, зицери, имаше и пенал, и кога не се користат толку шанси тогаш јасно е дека казната следува на другата страна.

Во 39.минута по асистенцијата на Левандовски, Зјелински стрелаше за 1:0. Со тој резултат и се замина на пауза.

Во 82.минута Левандовски конечно успеа да го постигне првиот негов гол на мундијалите за 2:0.

ПретходноГолден Арт на “мускули“ до победа над Радовиш!
СледноЗахариевски: Голема, голема победа за Струга ТЛ!